Swissness car во посета на Riwax

Свиснес-Kар кој доби можност да соработува со познатата Швајцарска фирма “RIWAX” и да ги увезува нивните производи во Македонија, а наскоро и на Балканот, имаше можност со својот тим и двајца од потрошувачите да ја посети фирмата каде се одвива производството во Цоликофен крај Берн.

Првиот ден имавме можност да ја доживееме фирмата “RIWAX” во неијзините школски простории каде што се одвива обуката на ученици и мајстори а исто така бевме сведоци на начинот на производство и логистиката која ги испорачува производите низ целиот свет.

Покрај пријатната посета вториот ден го посетивме училиштето за автолакери и автолимари во Винтертур близу Цирих кое во Август 2015 почна да работи во ново изградената зграда која е на светско ниво и во која се школуваат стотици ученици годишно по најнови стандарти за поправка на автомобили.
Во моментот на посетата 12 Автолакери после 4 годишна обука полагаа и се докажуваа пред 4 експертски тим дека се способни професионално да си ја вршат работата по најнови стандарти на автомобилските производители.
Тоа беше екслузивна шанса, посебно за нашите потрошувачи од Македонија да го доживеат феноменалниот триален школски систем на Швајцарија кој со децении е гарант за врвниот квалитет кој е познат и ценет во цел свет.

Успешната соработка со RIWAX ќе продолжи и понатаму, со тоа ке може да гарантираме за врвни квалитетни производи на Македонскиот пазар за да можеме и вас да ве увериме од нашиот професионализам!!!